Археолошкото одделение

Археолошкото одделение е формирано во 1980 година со што започнуваат и редовните археолошки активности во Музејот, иако збирката на археолошки предмети започнала да се оформува многу порано, кон крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години кога со рекогносицирање на теренот од археолозите на Музејот во Охрид и првите систематски истражувања на локалитетот “Уста на Дрим”, спроведени од Археолошкиот музеј во Скопје, (археолог, С.Саржоски) истата се пополнува и збогатува. Со  формирање  на археолоњкото одделение започнуваат и редовни систематски ископувања на повеќе локалитети во Струшко, рекогносцирање на теренот и пределите околу Струга, прибирање, евиденција и обработка на археолошки предмети и материјали.


    Покрај веќе познатите локалитети: ранохристијанската базилика во Радолишта, (акд. Д.Коцо, археолог Б.Маленко) истражена и конзервирана во педесеттите години за која се води перманентна грижа и одржување, се продолжи со ископување и конзевација и на ранохристијанската базилика на локалитетот Свети Никола во село Октиси (акд. Д.Коцо, д-р В.Битракова Грозданова), а беше откриен и истражен и локалитетот Свети Мартинија во село Ташмаруништа ( д-р В.Битракова-Грозданива). Сите овие базилики се со вредни подни мозаици од периодот на 5- 6 век. Некои од нив се целосно заштитени и презентирани, а другите се во фаза на реставрација и конзервација и се подготвуваат за презентирање.
   Богат археолошки материјал е добиен од ископувањата и устражувањата и на други локалитети: Уста на Дрим во Струга и Црковни Ливаѓе во село Враништа (археолог Р.Пашиќ) со наоди од праисторискиот период и остатоци од наколни живеалишта, локалитетот Свети Илија во село Делогожда ( д-р В.Битракова-Грозданова) каде, покрај другите наоди: алатки, прстени, белегзии, садови и накит, пронајден е и еден редок примерок на древномакедонски шлем. Меѓу позначајните истражувања се ископувањата на локалитетот кај црквата Света Богородица во село Враништа (акд Д.Коцо ). Знчајни археолошки наоди се откриени на локалитетите Плаши Круша во село Дабовјани, Гробишта во село Корошишта, Света Атанасија во Октиси ( д-р В.Битракова-Грозданива).


  Повеќе од триесет години како соработник на Музејот во Струга и раководител на повеќето од археолошките истражувања е д-р В.Битракова-Грозданова. За нејзиниот успешен професионален и стручен ангажман, во 2008 годин, Музејот ја предложи за добитник на државната Свети Климентова награда. Посебно би истакнале дека Музејот во Струга, за првпат во нашата земја, започнува со подводни археолошки истражувања на локалитетот Врбник кој се наоѓа во близина на градот, во водите на Охридското Езеро ( археолог В.Саневч археолог Г.Санев ). При овие истражувања е дојдено до богат археолошки материјал кој денес се наоѓа во депото на Музејот.

  Археолошкиот материјал со кој располага Музејот е богат, разновиден и се состои од камени и коскени орудија, бронзени и железни примероци на орудија, делови од оружја, разни видови садови, до премети од глина, украсни предмети и накит од метал и стакло. Музејот располага и со вредна и разновидна нумизматичка збирка.

 



 

ФОТОГРАФИИ ОД АРХЕОЛОШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА МУЗЕЈОТ ВО СТРУГА
Наколно живеалиште, локалитет “Уста на Дрим”

Наколно живеалиште, локалитет "Уста на Дрим"
Камени и коскени алатки од локалитетот “Уста на Дрим”Камени и коскени алатки од локалитетот "Уста на Дрим"
Хидрија

Хидрија
Бронзен шлем македонски, Св. Илија, с. Делогожда, 5-6 век п.н.е

Бронзен шлем македонски, св. Илија, с. Делогожда, 5-6 век п.н.е
Ѓердан од килибар,фибула и метален предмет со апликација, Св. Илија, с.Делогожда

Ѓердан од килибар,фибула и метален предмет со апликација, Св. Илија, с.Делогожда
Фибула,Малоазиски штит, 5-6 век п.н.е, Св. Илија, с.Делогожда

Фибула,Малоазиски штит, 5-6 век п.н.е, Св. Илија, с.Делогожда
Ѓердан од плави монисти, Св. Илија, с.Делогожда Ѓердан од плави монисти, Св. Илија, с.Делогожда Ѓердан од стаклена паста во вид на мали амфори, Св. Илија, с.Делогожда

Ѓердан од стаклена паста во вид на мали амфори, Св. Илија, с.Делогожда
Златни обетки со лавји протом, македонско-хеленистички, Св. Илија, с.Делогожди

Златни обетки со лавји протом, македонско-хеленистички, Св. Илија, с.Делогожди
Сребрен прстен, Св. Илија, с.Делогожди

Сребрен прстен, Св. Илија, с.Делогожди
Рачка од бронзен кратер со зооморфна декорација, Св. Илија, с.Делогожди

Рачка од бронзен кратер со зооморфна декорација, Св. Илија, с.Делогожди
Белегзии и ѓердан, Св. Илија, с.Делогожди

Белегзии и ѓердан, Св. Илија, с.Делогожди
Фибули од малоазиски тип, Св. Илија, с.Делогожди

Фибули од малоазиски тип, Св. Илија, с.Делогожди
Прстени од римски период, Св. Илија, с.Делогожди

Прстени од римски период, Св. Илија, с.Делогожди
Стаклена чаша со флорална декорација, римски период, Св. Илија, с.Делогожди

Стаклена чаша со флорална декорација, римски период, Св. Илија, с.Делогожди
Плитки чинии и балсамариум од стакло, римски период, Св. Илија, с.Делогожди

Плитки чинии и балсамариум од стакло, римски период, Св. Илија, с.Делогожди
Длабока чинија, мала амфора и балсамариум, римски период, Св. Илија, с.Делогожди

Длабока чинија, мала амфора и балсамариум, римски период, Св. Илија, с.Делогожди
Хеленистички садови и хеленистички накит, Св. Илија, с.Делогожди
 
Хеленистички садови и хеленистички накит, Св. Илија, с.Делогожди
Два праисториски сада, скифос и остатоци од хеленистичка керамика, Св. Илија, с.Делогожди

Два праисториски сада, скифос и остатоци од хеленистичка керамика, Св. Илија, с.Делогожди
Керамика и оружје,Св. Илија, с.Делогожди

Керамика и оружје,Св. Илија, с.Делогожди
Киликс, антички период, Св. Илија, с.Делогожди

Киликс, антички период, Св. Илија, с.Делогожди
Амфора македонски тип,кантаровидна чаша, унгугвентауруми и хеленистички накит, Св. Илија, с.Делогожди

Амфора македонски тип,кантаровидна чаша, унгугвентауруми и хеленистички накит, Св. Илија, с.Делогожди
Делови од поден мозаик, базилика Св. Илија, с.Делогожди

Делови од поден мозаик, базилика Св. Илија, с.Делогожди
Делови од поден мозаик, базилика Св. Илија, с.Делогожди

Делови од поден мозаик, базилика Св. Илија, с.Делогожди
Делови од поден мозаик, базилика Св. Илија, с.Делогожди

Делови од поден мозаик, базилика Св. Илија, с.Делогожди
Подводни истражувања од наколна населба, локалитет Врбник, Струга
 
Подводни истражувања од наколна населба, локалитет Врбник, Струга
Подводни истражувања од наколна населба, локалитет Врбник, Струга

Подводни истражувања од наколна населба, локалитет Врбник, Струга

ЕТНОЛОШКО ОДДЕЛЕНИЕ

Во  рамките на Музејот од пред неколку години делува и работи и етнолошкото одделение. Познато е дека овој крај изобилува со наследство од нашата материјална и духовна култура. Затоа овде била присутна и традицијата на прибирање и запишување на таквото богатство уште од пред век и половина, а тоа го поттикнуваат и на нивните вредности укажувваат во тоа време странски учени и патеписци. Па така и нашите Миладиновци го одушевиле светот и се уште ја фасцинираат меѓународната јавност со својот Зборник од народни умотворби.


    Од друга страна, бездруго тоа етнолошко, духовно и фолклорно богатство произлегува од разновидноста и другите карактерисики присутни во областите кои го сочинуваат струшкиот крај. Па така секоја од нив има свои специфики во народната носија, обичаите и фолклорот. Според нив струшкото подрачје можеме да го поделиме на: градот Струга, полските села, горнодримколскиот крај, долнодримколскиот крај и Малесија. Ова богатство и традицијата придонесуваат во Музејот неминовно да се формира етнолошко одделение.
    Во претходниот период, со прибирање на етнолошки материјал, фрагменти од носии и народни носии во целост, алатки садови од домаќинство и слично, како и запишување  и регистрирање преку записи (пишувани, аудио и видео записи) се занимаваат кустосите од историското одделение. Со тоа овој фонд прилично се збогати, па се јавува потребата од вработување стручно лице етнолог и на тој начин  да се оформи посебно одделение кое исклучиво ќе се занимава со оваа дејност.


   Пред некоја деценија, по иницијатива на тогашната Културно просветна заедница на Општина Струга, започна да се организира културната манифестација Ревија на народни носии. Со текот на времето таа стана традиционална републичка смотра на народни носии и фолклор, а последниве години неа ја организира Музејот. Богатиот етнолошки материјал, традицијата и големиот интерес на граѓаните и гостите беа причината музејот отпорано да организира тематски етнолоши изложби со застапеност на народни носии, делови од носии, накит, садови, етнолошки предмети и фотографии. Овааа традиција продолжува и по формирањето на етнолошкото одделение.


    Денес  Музејот располага со преку 150 делови од народни носии од сите подрачја на струшко, неколку комплети народни носии, дваесетина парчиња накит, осумдесетина предмети од покуќнина, алат и други предмети, како и голем број фотографии и други записи. Така и понатаму перманентна задача на ова одделение е да ја продолжи работата и активностите на овој план.

 



 

ФОТОГРАФИИ ОД ЕТНОЛОШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА МУЗЕЈОТ ВО СТРУГА 
Ќуп – масленик

Ќуп - масленик
Покуќнина, музејско депоПокуќнина, музејско депо
Струшка носија (20-ите години од XX век)

Струшка носија (20-ите години од XX век)
Зетовска носија, Долни Дримкил, с.Дренок (20-ите години од XX век)

Зетовска носија, Долни Дримкил, с.Дренок (20-ите години од XX век)
Горни Дримкол, Вевчани

Горни Дримкол, Вевчани
Албанска носија од струшко поле

Албанска носија од струшко поле
Носија на исламизирани македонци, Горни ДримколНосија на исламизирани македонци, Горни Дримкол “Забуни”, горна женска облека карактеристична за Струга, Горни Дримкол и некои села од струшко поле

"Забуни", горна женска облека карактеристична за Стѕруга, Горни Дримкол и некои села од струшко поле
Женски елек, Струга

Женски елек, Струга
Скутници, Струга

Скутници, Струга
Џубе, турска струшка носија

Џубе, турска струшка носија
Елеци “појас”, турска староградска носија, Струга

Елеци појас, турска староградска носија, Струга
“Касуле”, Долни Дримкол

"Касуле", Долни Дримкол
“Зобан”,  Долни Дримкол

"Зобан",  Долни Дримкол
Забун и елек, (струшко поле)

Забун и елек, (струшко поле)
“Бовча” и невестинска “Бокча”, Долни Дримкол

"Бовча" и невестинска "Бокча", Долни Дримкол
Невестинска шамија “Корпа”

Невестинска шамија "Корпа"

Бовчи  

Бовчи
Кошула, Долни Дримкол

Кошула, Долни Дримкол
Кошула, Горни Дримкол

Кошула, Горни Дримкол
Невестински и празнишен клашеник, Малесија

Невестински и празнишен клашеник, Малесија
Чорапи, струшко

Чорапи, струшко
Дел од етнолошка изложба

Дел од етнолошка изложба
Презентација на материјалната и духовната култура на Македонија

Презентација на материјалната и духовната култура на Македонија

ВАНГЕЛ КОЏОМАН

Роден е на 14 февруари 1904 година во Струга. Матурирал во 1924 година во Охридската гимназија и истата, 1924 година се запишува на уметничката школа во Белград, наставен оддел каде и дипломира 1928 година. Негови професори на уметничката школа се познатите и афирмирани професори Бета Вукановиќ, Љуба Ивановиќ, И. Шобаиќ. Во 1928 година го продолжил студирањето на двогодишниот курс за чиста уметност кај професор Милан Миловановиќ. Кон крајот на школувањето бил на покус студиски престоја во Италија.


     По отслужување на девтомесечниот воен рок во Сараево во 1931 година стапил во служба како ликовен педагог во Охридската гимназија. Од 1929 година, особено од 1936 година до почетокот на Војната учествувал  во пролетните изложби на сликарски и скулптурски дела на југословенските уметници и на есенската изложба на белградските уметници во Белград. Во 1937 година учествувал на изложбата на независните сликари во Белград, наречена бојкоташка. Во 1938 – 1939 година во Белград добил место на професор по ликовно восспитние во Седмата машка гимназија, каде што останал до 1945 година. Во месец октомври, неколку дена по ослободувањето на Белград, стапил како воен сликар на должност шеф на Одделот за пропаганда при главниот штаб на Македонија за ширење на ликовната уметност во војската и народот на која останал шест месеци, до први јуни 1945 година.


   По демолибизирањето, кон крајот на септември во 1945 година дошол во ослободеното Скопје каде се вработил како професор во средната художествена школа која во 1948 година го добова називот Учолиште за применета уметност.Таму работел до 1952 година. Вангел Коџоман е еден од основачите на друштвото на ликовните уметници на Македонија во Скопје и долгогодишен член на неговата управа. Од 1945 година учествувал на изложбите на ДЛУМ во Скопје иво другите југословенски центри, како и на разни тематски изложби. Од 1952 година започнал да работи како професор на вишата педагошка школа во Скопје, каде што до 1972 година предавал сликарство и методика на ликовното воспитание.


    Учел повеќе генерации млади уметници и педагози. Во 1953 година заено со Личеноски и Мартиноски ја преставувал македонската ликовна уметност на големата изложба Половина век од југословенското сликарство, 1800-1950 во Модерната галерија во Загреб. Во 1955-1956 година остварил четиримесечен студиски престој во Париз. Во неговиот дневник ќе запише: По престојот во метрополата моите настојувања стануваат посмели и поафирмативни, со извесно надградување и формирање на творечкиот инстинкт. Во 1974 година во Струга ја отворил постојаната тематска изложба-легат Струга во минатото, сместена во спомен куќата на Вангел Коџоман, со околу 30 масла и акварели. Во 1975 година е избран за дописен член на МАНУ. Редовен член е од 1981 година. Носител е на наградите : Октомвриска награда на СР Македонија а животно дел -1969, Осмоноемвриската награда на Струга – 1975, АВНОЈ – 1979, 13 Ноември на град Скопје – 1981.

 

УМЕТНИЧКА ГАЛЕРИЈА


   Галеријата Вангел Коџоман, при музејот Др. Никола Незлобинскиво Струга е основана во 1980 година како изложбен простор за постојана изложба на авторот. Изложените слики се проникнати со единствената тематска нитка на традицијата, наследството и духот на поднебјето. Во богатото ликовно творештво на Вангел Коџоман како значаен сегмент и трајна преокупација се издвојува неговиот опус инспириран од родниот град Струга и поднебјето што ја опкружува. Бројни се мотивите кои како разлеани фотографски кадри се нижат, ковертираат и трансформираат во слики низ кои авторот на еден силен и емотивен начин ги доживува и перцепира поднебјето, старата градска куќа, чаршијата со опеаните кепенци.


    Многу од мотивите кои авторот го опчинувале и поттикнувале низ една својствена емпириска експресија да ги пренсе на платно, хартија, картон денеска ги нема. Тие се неповратно исчезнати со здивот на времето и во динамиката на современото живеење. Но затоа пак, неговите слики прекриени со патината на годините  добиваат еден документарен призвук на последни корифеи кои засекогаш ќе не потсетуваат на прекрасната староградска архитектура, животот во чаршијата и идиличниот пејсаж на опкружувањето.



 

ФОТОГРАФИИ ОД ГАЛЕРИЈАТА НА ВАНГЕЛ КОЏОМАН ПРИ МУЗЕЈОТ ВО СТРУГА

Вангел Коџоман “Родниот сокак”, масло на платно, 66х49.5cm

kodzoman-01
Вангел Коџоман “Горна мала”, масло на картон, 34х48cm

kodzoman-02

Вангел Коџоман “Куќата на Тасица 2”, акварел, 33х26cm

kodzoman-03
Вангел Коџоман “Стариот житен пазар” масло на картон, 27х37cm

kodzoman-04
Вангел Коџоман “Улицата на Нестор”, масло на картон 34х18cm

kodzoman-05
Вангел Коџоман “Улицата на Нико Нестор”, масло на картон 34х18cm

kodzoman-06
Вангел Коџоман “Старо и ново”, масло на картон 32х48cm

kodzoman-07

Вангел Коџоман “Пред пионерскиот дом”, масло на картон 32х48cm

kodzoman-08
Вангел Коџоман “Испосница св. Атанасиј”, Калишта, масло на платно 53х72cm

kodzoman-09
Вангел Коџоман “Мотив од стара Струга” масло на картон, 25х35cm

kodzoman-10
Вангел Коџоман “Сокакот на Миладиновци” масло на картон, 34х48cm

kodzoman-11
Вангел Коџоман “Чаршијата во Струга”, масло на платно, 54х74cm

kodzoman-12
Вангел Коџоман “Улицата на Шантевци”, масло на картон, 45х60cm

kodzoman-13
Вангел Коџоман “Даљаните и Струга”, масло на платно, 50х65cm

kodzoman-14
Вангел Коџоман “Чаршијата во Струга 2”, масло на картон, 45х63cm

kodzoman-15
Вангел Коџоман “Старата струшка чаршија”, масло на картон, 44х60cm

kodzoman-16
Вангел Коџоман “Црковна куќа”, масло на картон, 34х49cm

kodzoman-17
Вангел Коџоман “Црковна куќа”, масло на  хартија, 35х48cm

kodzoman-18
Вангел Коџоман “Куќата на Јосиф Штичарот”, масло на картон, 35х48cm

kodzoman-19
Вангел Коџоман “Слепо сокаче” , масло на платно, 35х48cm

kodzoman-20

Вангел Коџоман “Нашиот сокак”, масло на картон, 49х34cm

kodzoman-21
Вангел Коџоман “Крај Дрим”, масло на картон, 33х48cm

kodzoman-22

Вангел Коџоман “Мотив од стара Струга”, масло на картон, 29х42cm

kodzoman-23
Вангел Коџоман “Турска мала”, масло на картон, 24х33cm

kodzoman-24

Вангел Коџоман “Крај Дрим 2”, масло на картон, 35х50cm

kodzoman-25
Вангел Коџоман “Аталот каде што беше некогашниот хотел Београд”, масло на картон, 34х49.5cm

kodzoman-26

Вангел Коџоман “Саат кулата во Струга”, масло на картон, 37х48cm

kodzoman-27
Вангел Коџоман “Куќата на Тасица”, масло на платно, 46х40cm

kodzoman-28

Вангел Коџоман “Горна мала”, масло на картон, 42х31cm

kodzoman-29
Вангел Коџоман “Кумбаров сокак”, масло на картон, 32х41cm

kodzoman-30

Вангел Коџоман “Куќата на Сотир Љонндро и Аџовци”, масло на картон, 33х48cm

kodzoman-31
Вангел Коџоман “Мотив од стара Струга”, масло на картон, 25.5х34.5cm

kodzoman-32

Вангел Коџоман “Korovin Roses”

Korovin_Roses