ПЛАНИРАНА ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА НУ МУЗЕЈ “Д-р НИКОЛА НЕЗЛОБИНСКИ“ СТРУГА , 2017ГОД.

Н.У. Музеј  „Д-р Никола Незлобински“ – Струга и во 2017 година доби поддршка од Министерство за култура преку повеќе проекти кои се поддржани во годишната програма за работа на националните установи во културата.

Проектите кои се поддржани ги опфаќаат сите одделенија на музејот, внимание е посветено на заштита на музејските збирки и експонати, едукативната функција на музејот постојано ќе биде надоградувана, а се работи и на промоција на музејот  и богатото природно и културно наследство кое го содржи и претставува.

  • Осовременување на депоата (II фаза)
  • Превентивна заштита на музејските експонати и музејскиот материјал од музејски штетници
  • Конзервација на керамички материјал од археолошката збирка на Музеј „Д-р Никола Незлобински“
  • Конзервација на метални предмети од збирката на Музеј „Д-р Никола Незлобински“
  • Конзервација на етнолошки материјал од збирката на Музеј „Д-р Никола Незлобински“
  • Изработка на елаборат за ревалоризација на збирката уметнички дела од Вангел Коџоман
  • Замена на експонатите од постојаната изложба со нови на тема: Лековитетите растенија на планината Јабланица
  • Едукативна работилница – Рибите во Охридското Езеро
  • Едукативна работилница – Културно наследство од Струга и Струшко
  • Изработка на промотивен и рекламен материјал

Покрај горенаведените проекти, музејот планинира и други бројни активности со кои ќе се збогати културната понуда, работи на вмрежување на национално и меѓународно ниво од каде што ќе произлезат нови соработки и проекти, се во интерес на богатото природно и културно наследство, Струга и Република Македонија.

ПЛАНИРАНА ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА НУ МУЗЕЈ “ДР. НИКОЛА НЕЗЛОБИНСКИ“ СТРУГА , 2016ГОД.

Во рамки на  годишните активности за 2016 година, НУ Музеј “Др. Никола Незлобински“ Струга, ги има планирано следните проекти од областа на културата а со финансиска поддршка од владата на РМ , односно Министерство за Култура на РМ.

 

  • Превентивна заштита на музејските експонати и музејскиот матерјал во Музејот “Др Никола Незлобински’’ Струга.
  • Подводно археолошко истражување на локалитетот “ВРБНИК’’ – Струга.
  • Осовременување на постојната природонаучна поставка во Музејот “Др Никола Незлобински’’ Струга.
  • Осовременување на депоата во Музејот “Др Никола Незлобински’’ Струга.
  • Набавка на компјутерска опрема за потребите на Музејот “Др Никола Незлобински’’ Струга.

ministerstvo-za-kultura-640x320

Планирана годишна програма за работа на НУ Музеј “Др. Никола Незлобински“ Струга , 2015 год.

ministerstvo-za-kultura-640x320Во рамки на  годишните активности за 2015 година, НУ Музеј “Др. Никола Незлобински“ Струга, ги има планирано следните проекти од областа на културата а со финансиска поддршка од владата на РМ , односно Министерство за Култура на РМ.

images (1)1. Увид на состојбата на иконописот во струшко.

2. Конзервација на метални предмети од збирката на Музеј “Др. Никола Незлобински“ Струга.

3. Подводно археолошко истражување на локалитет “Врбник“, Струга.

4. Превентивна заштита на музејските експонати и музејскиот матерјал од музејски штетници.

5. Лековите растенија на планината Јабланица – Истражување

6. Евиденција и откуп на етнолошки матерјал.